Хашим Тачи најави оставка доколку биде потврдено обвинението против него

Косовскиот претседател Хашим Тачи најави дека ќе поднесе оставка доколку биде прифатено обвинението поднесено против него за воени злосторства за време на воените судири на Kосово кон крајот на минатиот век.

Тачи ѝ се обрати на јавноста пет дена по објавата на специјалното обвинителство во Хаг дека е поднесено обвинение за сериозни злосторства против човештвото.

Тој е обвинет за повеќе од 100 убиства на цивили за време на воениот конфликт на Косово кога тој беше водач на ОВК.