Хилари Клинтон гласаше во Њујорк

Кандидатаката за Претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон, гласаше во Њујорк, додека гласањето на Доналд Трамп, кандидат на републиканците се очекува во текот на денот.

Околу 150 симпатизери на Клинтон веќе ја ословуваа како -госпоѓо претседател. Клинтон со нејзиниот сопруг Бил гласаа во училиште кое се наоѓа во близина на нивната семјна куќа.

Многу сум среќна, им се обрати на присутните Хилари Клинтон.
Трамп треба да гласа на Менхетн.

 

Според најновите анкети Клинтон има водство пред Трамп за 3,3 проценти.