Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу во изјава за радио „ББЦ“ потенцираше дека неговиот клуб е свесен дека по заминувањето на Меси ќе мора да се прилагоди на новата ситуација.

Меси има митски статус во Барселона, наскоро ќе наполни 32 години , зад себе има освоено многу трофеи , тој е легенда во клубот со 665 одиграни натпревари, 581 погодок, 233 асистенции.

„Знам дека еден ќе се повлече, ние мораме да се подготвиме за периодот кој доаѓа потоа, со Меси и без Меси не е исто, мојот мандат истекува 2021 година, сакам да создам екипа за нова ера без Меси, тоа е голема одговорност “- изјави Бартомеу .


Жозеп Бартомеу

Договорот на Меси со Барселона истекува за две години, тој тогаш ќе има 34 и веројатно ќе сака да ја заврши кариерата, повеќе пати потенцираше дека ќе се „пензионира“ како играч на Барселона со која стана легенда и созреа како играч и човек а во клубот е од 2000 година , како дел од сениорската екипа Меси беше промовиран во 2005 година.