Холанѓаните нема да бараат, ниту да инсистираат другите земји во светот да го користат најновото прифатено имe за нивната земја за домашна употреба Netherlands, или како што Србите ја нарекуваат Низоземска или Французите Pays Bas и така натаму

Холандскиот амбасадор во Србија, Жил Бешор Плухс, на Твитер објави дека Србија може да продолжи да го користи името Холандија, а о нема соодветен превод за Нидерланд.

,,Се чини дека се подигна галама околу официјалното име, Нидерланд. Да, ние ќе престанеме да го користиме популарното име Холандија. Но, ќе ги почитуваме јазиците на другите народи кои немаат прифатлив превод за Нидерланд. Во Србија и натаму ќе се нарекуваме Холандија“-напиша амбасадорот на Твитер.

Dutch ambassador to Serbia and to Montenegro@GillesBP

There seems to be a bit of fuss about the official name of my country: the #Netherlands. Yes, we will stop using the popular name #Holland. But we respect languages that don’t have an accepted translation of the Netherlands. In Serbia we will keep on calling ourselves #Holandija

Погледај слику на Твитеру

Одборот за стандардизација на српскиот јазик имаше дилема околу новото име на Холандија, но потоа донесе одлука дека во Србија и натаму ќе се користи Холандија, иако оваа земја донесе одлука од 1 јануари во домашна употреба и комуникација со другите, самата да се нарекува исклучива Нидерланд.