Холандски полицаец нокаутира девојка (видео)

На социјалните мрежи, вчера се појави шокантно  видео, на кое се гледа како неколку холандски полицајци, првин буткаат една девојка и таа паѓа на земја, а потоа еден од нив и ја претепува.

Полицаецот без пардон ја тепа, откако девојката револтирана што негова колешка ја турка по што таа паѓа на земја, се обиде претходно да му удри шамар.

Нема детали под видеото ниту каде се случило, ниту како дошло до инцидентот, но се гледа дека интервенцијата на полицајците е прилично груба и несразмерна и дека девојката најверојатно е под дејство на алкохол.