Холивудската филмска легенда Кирк Даглас наполни 103 години

Глумецот Кирк Даглас денеска полни 103 години.

Некогашниот славен глумец и холивудски заводник, Кирк Даглас, веројатно е најдолговечниот меѓу своите колеги, а тој вели дека својата долговечност ѝ ја должи на сопругата Ен Бајденс Даглас(100), со која поминал многу животни премрежиња.

Кирк Даглас и неговата 100 годишна сопруга Ен

Актерската икона, Кирк Даглас, е син на руски емигранти. Роден е како Исур Данијелович Демски, а во својата кариера ги одиграл едни од најславните филмски улоги од Спартак до Винсент ван Гог и Док Холидеј.

Негов професионален наследник е синот Мајкл Даглас, исто така прославен и познат холивудски глумец.