Хорор во Шабац: Гладни стафорди го обезглавиле сопственикот

56 годишниот Драган Пауновиќ од Шабац, е убиен од своите кучиња од расата стафорд, за кои не се грижел и често биле врзани во запуштена шупа и прегладнети.

Неговото обезглавено тело беше пронајдено вчера во дворот од куќата, заглавено меѓу стари автомобили, а деловите расфрлани насекаде.

Српскиот медиум Новости објави дека обдукцијата покажала дека тој е задавен од изгладнетите кучиња, а главата откината и пронајдена во еден од старите автомобили во дворот.

Пауновиќ живеел сам, бил тешко болен, а работел како автомеханичар.