Хортикултурното уредување се однесува на 20 објекти меѓу нив МРТВ, Влада, министерства …

Владата реагираше на написи на некои медиуми, објаснувајќи дека тендерот е во тек и се однесува за 20 објекти, за време од 3 години, а износот е во висина од над 600.000 евра.

,, Станува збор за набавка која опфаќа период од 3 години и помеѓу другото предвидува ангажман на 25 лица, а се однесува на набавка на услуги за точно 20 објекти во државна сопственост (табела 1).

Сметаме дека информациите пласирани во јавноста од одредени медиуми во кои се наведува дека се работи за „набавка на цвеќе„ се целосно погрешна интерпретација на техничката спецификација и далеку од вистинити“, се вели во реакцијата на Влада на РМ.

 

Табела 1: објекти во прилог со големина на површините кои треба да бидат хортикултурно одржувани.

Рб Назив на органот / објектот Површина (м2)
1 Влада на РМ 226
2 МРТВ 1.250
3 Јавна администрација 170
4 НИП Нова Македонија 256
5 клуб на органи на државната управа 4.999
6 Вила 1 12.000
7 Вила 2 19.802
8 Вила З 9.915
9 Вила Дојран 4.245
10 Вила Билјана 68.103
11 Вила Охрид
12 Вила Охрид 1
в Вила Охрид 2
14 Вила Свети Стефан
15 Вила Мир
16 Вила Попова Шапка 680
17 Министерство за економија 342
18 Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 1.184
19 Министерство за култура 1.407
20 Подрачни единици на министерствата 9.075
  Вкупно 133.654 м2

 

Во тендерската спецификација дополнително јасно наведено кои се услуги се набавуваат, со цел јавноста да биде целосно информирана ги наведуваме:

  • Секојдневно одржување и уредување континуирано и во најкраток можен рок ќе се врши отстранување на настанатите ситуации кои настануваат во текот на одржувањето.
  • Редовно одржување на садници и обновување со нови, саксиски растенија, жардињери и сезонски расад, наводнување, заштита од штетници, ѓубрење, прихранување, окопување, плевење, кроење, фрлање на откроените гранки, мулчирање и сл.
  • Целосна замена на исушени и оштетени садници, саксиски растенија, сезонски расад, украсни грмушки, дрва и трева до 100% од вкупниот број на садници и површината под трева.
  • Редовно одржување на тревни површини – косење трева, фрлање на откос, наводнување, прихранување, плевење, собирање на отпадоци и листови од тревни површини и сл.
  • Сечење на грмушки, кроење на грмушки и други садници, кроење и сечење на гранки, кастрење на жива ограда и обликување, тресење на грмушки и дрва од снег.
  • Сечење и отстранување на зеленило по ивици, агли и помеѓу фуги на патеки, плато и други површини.
  • Изнесување на откосот, гранките и друг отпад кој е производ од хортикултурното одржување и уредување, надвор од објектот на локација предвидена за таков вид намена.
  • Поправка и одржување на постоечки систем за наводнување во објектот Вила 1 (цевна инсталација, вентили, прскалки, електрична инсталација, шахти, капаци, ел. магнетни вентили, мануелно и управување со тајмер, автоматика итн.)

Набавката е јавно објавена на транспарентен начин, а јавноста ќе биде соодветно информирана по завршување на целата постапка за истата.

Овој вид на набавка не е воопшто нов, туку станува збор за набавка која се прави со години наназад, а услугите биле дел од тоа што на јавноста ѝ е познато како „Секјуриком тендер“ во кој биле споени четири различни набави односно покрај хортикултурно уредување содржела и хигиена и чистење како и обезбедување на објекти. Службата за општи и заеднички работи со раздвојување на набавките прави оптимално и домаќинско користење на буџетот кој го има на располагање, се вели во реакцијата на владата.