Хојт Брајан Ји ќе има официјална средба со претседателот на Собрание Талат Џафери

Заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји ќе ја посети Република Македонија на 30 април и 1 мај, а ќе оствари официјална средба со новоизбраниот претседател на македонскиот Парламент Талат Џафери.

„Заменикот помошник државен секретар Ји ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами, Весел Мемеди и со Мендух Тачи, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатската заедница. На состаноците ќе се разговара за статусот на формирање Влада, билатералните односи и реформите потребни за евро-атлантска интеграција“, соопшти американската амбасада.

Заменикот државниот секретар Ји ќе даде изјава за медиумите на 1 мај попладне.