Хоџај: Разговарав со водачите на Македонија, Хрватска и Црна Гора да формираме пакт против Србија

Косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, ја нападна Србија во интервју за хрватскиот весник Вечерњи лист и ја прогласи за дестибилизатор на регионот.

Според него, Србија ја продолжува агресивната кампања кон Косово и затоа со неа треба да се разговара со јазикот на силата, смета тој.

,,Србија ја продолжува агресивната кампања на меѓународен план. Ако не е скарана со Косово, тогаш е со Македонија, или со Црна Гора, или со Хрватска. Србија има добри односи само со Република Српска, зарем тоа не е чудно? Во неколку наврати , за време на мојот престој во Македонија, Црна Гора и Хрватска со тамошните раководства разговарав да формираме пакт против Србија“-изјави Хоџај за Вечерњи лист.

Тој смета дека идејата за голема Србија не е мртва:

,,Западот ова мора да го разбере и да рзмисли каков ќе биде Балканот за 10 години. Посебно што ќе се случува со Б и Х, Косово и со Македонија. Ако не го забрзаат процесот за интеграција на овие земји во ЕУ, прашање е што ќе се случи со нив“-вели косовскиот вицепремиер.