Хоџиќ: На Рамчиловиќ му го заборавија слугувањето на Груевски

Џелал Хоџиќ, актуелен заменик на директорот на Агенција за остварување на правата на заедниците, реагира за именувањето на Зеќир Рамчиловиќ за потпретседател на Собрание.

Тој смета дка се’ дури не се воведе принципиелност во функционирањето на институциите, нема враќање на нивниот кредибилитет.

,,На Рамчиловиќ му е заборавено слугувањето кон Груевски и режимот.

Заборавени му се трагикомичните испади и небулози по телевизиите, кога тогашниот врв на опозицијата и активистите од невладиниот сектор ги квалификуваше со речникот на груевистичаката режимска пропаганда.

Зеќир Рамчиловиќ

Заборавена му е албанофобијата која ја продуцираше со гостување на емисиите на ТВ НОВА, а која беше составен дел од кампањата на ВМРО ДПМНЕ.

А кој заборава тој е осуден да учи од повторување.

Честитки за пратениците Енес Ибрахим и Самка Ибраимовски за принципиелниот став. Овој пост го пишувам во солидарност со нивната принципелна одлука да не го гласаат Рамчиловиќ.

Собранието може да го врати достоинството и кредибилитетот само со принципиелни пратеници“-реагира Хоџиќ на својот ФБ профил.

Рамчиловиќ, кој беше еден од осуммината пратеници што го напуштија ВМРО ДПМНЕ и гласаа за промена на името, за да стане потпретседател ја напушти и независната пратеничка група.