Храбро на велосипед сред Багдад

 

25 годишната Марина Џабер со пуштена коса и на велосипед како што известуваат светските медиуми, им пркосеше на конзервативните правила во Ирак возејќи се низ улиците на Багдад. На овој начин таа сака да покаже дека не се согласува со строгите  правила кои владеат во оваа конзервативна муслиманска земја, каде иако законски не им  е забрането, жените речиси воопшто не возат велосипед , бидејќи се смета за непристојно и не се толерира.

Младата ирачанка ги повика жените да се борат за своите права, бидејќи и тие се дел од општеството.

 

 

На една од фотографиите се забележувал постар човек како во неверување и шокирано ја гледал Марина на велосипедот.

Фотографиите на кои Марина Џабер со откриена и пуштена коса вози велосипед низ улиците на Багдада, предизвикале сензација на социјалните мрежи, а нејзиниот налог на Инстрагам  по објавувањето на сликата го следеле 30 илјади луѓе.