Хрватскиот сабор за првпат во својата историја заседаваше цела ноќ, а на дневен ред е измената на Деловникот за работа. Во обид да го блокираат донесувањето на деловникот, опозицијата користеше познати методи за нашата политичка сцена.

По секоја расправа бараа пауза, а потоа пратеници од опозицијата бараа збор и зборуваа за се и сешто, за проблемите на азилантите, острата зима, па и за цената на бананите.

Пратеникот на ,,Мост“, зборувајќи за политичките последици од зголемување на цената на бананите, прсна од смеење: