Хрватската претседателка го осуди нападот врз српските ватерполисти во Сплит(видео)

Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, доцна синоќа на својот Твитер налог, го осуди хулиганството на неколку сплиќани врз ватерполистите на Црвена Ѕвезда, кои беа физички нападнати откако ги препознале нивните клубски симболи.

Китаровиќ напиша дека хулиганството е за секоја осуда, насилството е неприфатливо, а им се заблагодари на совесните граѓани кои им помогнаа на ватерполистите.

Тројца ватерполисти на Црвена Звезда завчера беа нападнати во Сплит пред натпреварот во регионалната лига со Морнар.

Ватерполистите на Црвена Звезда седеле во кафуле во Сплит, келнерот ги препознал по амблемите на клубот и побарал да ги соблечат маиците по што ги нападнале играчите на клубот.

Двајца играчи успеале да побегнат, но голманот Александро Краљ морал да скокне во морето за да се спаси од линч. Краљ не излагал од морето се додека не дошла полиција.

Неколку совесни граѓани на Сплит му помогнале на Краљ, други го навредувале со зборовите : тој е четник, нека се удави !