Хрватската Претседателка се качи на бина да го собере аплаузот за ,,Лебедово езеро“

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ не престанува да ја изненадува јавноста пошироко во регионот со своите изјави и постапки.

На крајот од премиерната изведба на балетот ,,Лебедово езеро“ што се одржа вчера во Хрватско народно казалиште, во моменти кога публиката гласно скандираше и аплаудираше на целата екипа на чело со кореографот Владимир Малаков и диригентот Диан Тчобанов, Китаровиќ на општо изненадување се качи на сцената.

Таа и се придружи на екипата балетани и почна да се поклонува и заблагодарува на аплаузите, а Малаков со кој таа претходно се поздрави и го даде цвеќето што  го доби на сцената.

Тој беше видно изненаден од постапката на хрватската Претседателка која ја следеше претставата од ложа, па побрза да и го врачи букетот наменет за него за да ја избегне непријатната атмосфера. Но, на Китаровиќ тоа очигледно воопшто не и пречеше, туку продолжи да се смешка и да и отпоздравува на публиката.

Хрватските медиуми овој чин го опишуваат како крајно невообичаен и кршење на сите правила и протоколи во досегашната пракса на театарска и балетска уметност во Хрватска. Тие потенцираат дека секогаш на бината се појавуваат тие што се заслужни за претставата или делото кое се глуми или игра.

Во момент кога Грабар-Китаровиќ го користеше аплаузот наменет за уметниците поклонувајќи и се на публиката, неколку истакнати личности, хрватски балетани и кореографи, ја напуштија салата.