Хрватската претседателка се најде на удар на карневалските шегобијци(видео)

Изминатиот период во приморските хрватски градови се одржаа повеќе пролетни карневали, на кои имаше разни хумористично-сатирични перформанси, но и ,,шеги“ кои ги налутија соседните земји и домашните политичари, како што беше палењето на куклата со ликот на хрватскиот Србин, Милорад Пуповац, на карневалот во Задар. Каштеланци пак, се пошегуваа со хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, и со нејзините емотивни бодрења на хрватската фудбалска репрезентација на последниот мундијал во Русија.
Овој сатиричен перформанс предизвика многубројни коментари на социјалните мрежи, кои се движеа од осуда до поддршка, но скечот е прегледан стотици илјади пати.