Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, се наоѓа во неколкудневна посета на САД, каде ќе учествува на 72 заседание на Генералното собрние на ОН.

Два дена од посетата се во приватен аранжман,а за тоа време реши да се испроба во бксерските вештини и да ја посети својата ќерка која студира на Харвард.

Китаровиќ го посети УФЦ првакот со хрватско потекло, Стипе Миочиќ, а не би била Колинда ако овој момент не го искористеше за привлекување на вниманието на јавноста.

Колинда Грабар Китаровиќ е во кампања за втор претседателски мандат.