Репрезентацијата на Хрватска го победи Исланд со 31-27 ( 16-14 ) во дербито на групата Б на Мундијалот во Германија  и Данска. Хрватска никогаш не загубила од Исланд на големите натпреварувања па тоа непишано правило се потврди и на овој Мундијал.

Натпреварот донесе многу борба, пресврти а Хрватска во финишот го скрши отпорот на Исланд кој потклекна во последните 10 минути од натпреварот.  Лука Степанчиќ од репрезентацијата на Хрватска беше прогласен за играч на натпреварот кој го заврши со 8 постигнати голови додека Лука Циндриќ запиша 6 голови.  Хрватска во следното коло се среќава со Јапонија.