Денеска на Мундијалот  репрезентацијата на Македонија се среќава со Хрватска. Ова е  дерби меч во Групата  „Б “ на шампионатот, и двете селекции запишаа по две победи во првите две кола. Македонија славеше победи против Јапонија  и Бахреин, селекцијата на Хрватска беше подобра  од  Исланд  и Јапонија.

Статистиката ја фаворизира Хрватска која досега во дуелите против Македонија има четери победи, нашиот национален тим има само една победа против Хрватска  и тоа пред 22 години кога ги совладавме  31-29 во квалификации за ЕП. Последен пат двете селекции играа меѓу себе  на Европското првенство 2016 година, Хрватска запиша убедлива победа со 34-24. На Мундијалите досега игравме еднаш, 2015 година во Катар, победи Хрватска со три гола разлика.

Сепак денешниот дуел меѓу Македонија  и Хрватска не зависи од статитстиката, според квалитетот на двата национални состави се чини дека Хрватска има мала предност но не  и апсолутна фаворитска улога. Ова е прв голем тест за Македонија на Мундијалот  со оглед на фактот дека  на првите две средби Македонија играше со аутсајдери. Хрватска првиот голем тест го доби против  Исланд 31-27 и се надева на нов добар резултат. Покрај борбата на теренот, интересно ке биде  и на трибините, Македонија се очекува да има солидна поддршка но и Хрватска која секогаш е силно бодрена од навивачите на големите натпреварувања. 

Натпреварот меѓу Македонија  и Хрватска се игра од 18 часот  со пренос на МТВ 1   и Аренаспорт  1 .