Хрватскиот европарламентарец Тонино Пицула е избран за известувач на ЕП за Западен Балкан

Хрватскиот европарламентарец, поранешен министер за надворешни работи Тонино Пицула, е избран за известувач на Европскиот Парламент за Западен Балкан.

Тој ќе ја следи состојбата во земјите од Западен Балкан и ќе биде известувач во очи Самитот на ЕУ во Загреб во мај 2020 година.

Пицула доби задача да ги изготви препораките на Европскиот Парламент за Советот и Комисијата на ЕУ, а со цел отворање на претпристапни преговори со Македонија и Албанија.

Тонино Пицула со својот тим треба да придонесе за нов залет на процесот на проширување на ЕУ, пишува ХИНА.

Негова задача ќе биде да придонесе за приближувањеа на ставовите и консензус за процесот на проширување.