Хрватски војник загина во Авганистан во напад на бомбаш самоубиец

27 годишен хрватски војник загина во напад на бомбаш самоубиец, кој со својот мотоцикл се забил во военото возило со кое се превезувале тројца хрватски војници на мисија во состав на НАТО трупите во Кабул.

Загинатиот војник е од местото Сесвете во Хрватска и имал 5 годишно војничко искуство, но ова му била прва меѓународна мисија.

Другите давјаца војници се тешко ранети. Едниот е од Винковци, а другиот од Осиек.