Хрват уби 23 годишен германски турист поради фризура

32 годишниот Едо Садиќ од Загреб е уапсен под сомнеие дека го убил 23 годишниот германски турист, Патрик Бесингер, само затоа што овој му рекол дека не му се допаѓа неговата фризура во текот на кавгата зад шанкот.

Садиќ излегол од барот го чекал да излезе и Германецот, а потоа го следел до Фажински пат близу Пула , извадил нож и му го зарил во срцето.

По убиството, мирно продложил да го шета своето куче.

Полицијата го уапси убиецот , а ако што информираат, од порано им е познат по разни насилни и кривични дела.