Христијан Мицкоски е нов претседател на ВМРО ДПМНЕ

Досегашниот генерален секретар Христијан Мицкоски, како единствен кандидат, е изгласан за претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Со 376 гласови ЗА, од присутните 438 делегати, Мицкоски беше изгласан , без да има противник на конгресот за избор на нов претседател на ВМРО ДПМНЕ. Гласале 428, а од избројаните, 52 ливчиња се неважечки. Во своето обраќање пред јавноста и делегатите, тој изјави дека е голема чест за него да се биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ .