Христо Ковачи со само седум години дебитираше на картинг трките

Започнаа картинг натпреварите во рамки на автомобилистичката федерација на Македонија, организатор на првите натпревари беше
Авто картинг клубот Кастом кар рејсинг тим, а подржана од Агенција за млади и спорт и Арт картинг центарот  .

Се возеа трки поделени во три класи и тоа мини бамбини од 7 до 9 години, втората мини од 9 до 12 години и третата класа е рентал односно учествуваа лица постари од 13 години .


Во првата и најмалата класа е на првото место заврши Стефан Стефановски, 2 место Христо Ковачи и 3 место Дамјан Давидовски. Во втората класа на 1 место заврши Петар Богатиновски, на 2 место Лука Бошковски и на 3 место Иван Василевски. Додека во третата класа на 1 место успеа да се искачи Михаил Делев, на второто место Масимо Тасевски и на третото место заврши Коста Николовски.

Христо Ковачи е најмладиот дебитант во овие натпревари со само седум години, покажа огромен талент и капацитет, тргна како втор во својата трка и по многу пресврти ја задржа оваа позиција .