Бразилецот Хуан Фелипе кој има 31 година е пред враќање во Вардар а само детали се во прашање околу договорот, според порталот спортмедиа.мк .

Фелипе го напушти поранешниот шампион на Македонија  пред девет месеци кога замина во Казахстан кај екипата на Каират. Фелипе играше во Вардар три сезони од 2015 до 2018 година и запиша 87 настапи а постигна 24 погодоци. Фелипе беше еден од клучните играчи кај Вардар во квалификациите за Европа лигата  и во групната фаза од ова натпреварување.