Хуманитарен тениски спектакл во Милано

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ беше подобар од шпанецот Рафаел Надал во тенискиот меч со хуманитарен карактер одржан во италијанскиот град Милано. Пред 12 000 гледачи Ѓоковиќ победи со 6:4,6:4 во сетови или 2:0 на крајот од мечот. Овој спектакл го организираше хуманитарната Фондација Новак Ѓоковиќ на чие чело е Јелена Ѓоковиќ. Целиот приход од влезниците ќе биде искористен за подигање на квалитетот на образованието на децата во Србија.

По овој натпревар на теренот излегоа и американката Серена Вилијамс и италијанката Флавија Пенета, а Серена беше подобра со резултат 6:3, 6:3 во сетови. Во двојки славеа Ѓоковиќ и Панета против Надал и Вилијамс.

Извор:РТС