Хуманост на дело, поттик за младите

О.О.У. „Страшо Пинџур“ со години спроведува новогодишни хуманитарни акции со што придонесува да се развива хуманата мисла кај најмладите.

И оваа година во пресет на божиќните празници дечињата и вработените од О.О.У. „Страшо Пинџур“ спроведоа новогодишни хуманитарни активности.
Едната од нив беше насловена „Подари насмевка“, при што се собраа 20.000 денари помош за лекувањето на Влатко Мицкоски кој боледува од бубрежен канцер.

Другата акција беше реализирана во Институтот за белодробни заболувања кај деца- Козле, каде беа подарени Новогодишни пакетчиња на болните деца.
По иницијативата на директорот на училиштетото Методи Наковски, целиот персонал и учениците на О.О.У. „Страшо Пинџур“ на болните дечиња за миг им ги разубавија новогодишните празници со надеж за побрзо закрепнување.
На овој начин тие успеаја да пренесат порака до сите дека „Хуманоста е најголемата човечка доблест“ и постојано треба да се негува.
Се надеваме дека 2017 година ќе биде полна со здравје, љубов и среќа за Влатко и за дечињата кои се лекуваат во Институтот за белодробни заболувања кај деца- Козле.
Од се срце им благодариме на хуманиот гест на вработените во училиштето, и секако најголема благодарност до дечињата со огромно хумано срце, од кои сите може да научат за значењето на хуманоста-се вели во соопштението од организаторите на оваа хуманитарна акција.