Килијан Мбапе повторно со хуман гест, донираше нови 30.000 евра , сега во потрагата по исчезнатиот пилот Дејвид Иботсон кој заедно со Емилијано Сала леташе од Нант до Кардиф .

Мбапе претходно донираше 30.000 евра во приватната потрага по Емилијано Сала, откако беше идентификувано неговото тело, репрезентативецот на Франција донираше нови средства под псевдонимот Ели Лотин тврдат медиумите од Британија. Целосното име и презиме на напаѓачот на ПСЖ е Килијан Мбапе Лотин.