Цаноски:Ликовите што протестираат за поддршка на Кочан се истите што го урнаа ,,Космос“

,,Овие ликови што протестираат за слобода на СЕАД КОЧАН ги паметам многу добро. Ги паметам добро и камионите и багерите нивни. Го паметам и 5 часот изутрина на 1 август 2011 година. Истите овие ликови, заштитени од огромен број припадници на полициските сили влегоа во КОСМОС , како вработени во ТРАНСМЕТ на Сеад Кочан, компанија која беше ангажирана за уривањето од страна на општина Гази Баба, во исто така незаконски добиен тендер. Ние чекаме правда повеќе од 6 години.И со господ напред ќе ја дочекаме овде во Македонија.
Додека вие протестирате, вашиот газда ” правдата ” ја дочекува веројатно на некоја луксузна Јахта на отворено море , каде уз некоја шкампа и морска риба ужива и ги троши “чесно” заработените пари !
Можам само да ви кажам едно – АРАМ и срам да ви е !“

ФБ статус на Сефер Цаноски, син Фијат Цаноски чиј објект беше урнат по наредба на Никола Груевски