Станбено-деловниот комплекспознат какао ,,Космос“ на Фијат Цаноски, повторно почна да се издигнува на старото место во населбата Ќерамидница близу универзитетот ФОН во сопственост на ова семејство.

На терен може да се видат крановите, кои стоеа неподвижни со години по уривањето претходно изградениот комплекс, како работат, а темелите се поставени и веќе се наѕира конструкцијата на зградата.

Космос повторно во изградба

„Големата зграда- седумнаесеткатница од комплексот, ќе биде поделена на пет ламели, а ќе има повеќе посебни влезови. Ќе има и помала зграда, која ќе биде поставена полукружно. Двете згради заедно ќе имаат околу 560 стана. Поголемата зграда зафаќа бруто-површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри.Во долниот дел од големата зграда на „Космос“ ќе има деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат ќе има луксузен ресторан, кој ќе ротира и ќе биде со површина од 1.500 до 2.000 квадратни метри. Од него ќе може да се гледа целата панорама на Скопје“, соопшти компанијата ,,Фине ДОО“ .

Вака ќе изгледа ,,Космос“

Комплексот ќе има парк и шеталиште, а истиот ќе биде граден врз елаборатите за енергетска самоодржливост .

Комплексот „Космос“ веќе еднаш беше делумно изграден, но и урнат со експлозив од претходната владејачка гарнитура по наредба на Никола Груевски.

Сѐ уште се води судскиот процес наречен „ТНТ“ според обвинение на СЈО, покренато врз основа на прислушувани разговори.

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Тие сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот политички противник Фијат Цаноски, кој за ова сега бара отштета од државата од 55 милиони евра.