Царовска ги демантира провладините медиуми

 

,,Ги демантирам целосно лагите кои цел ден ги вртат Сител и провладините портали.

Вчеравечер се случи сообраќајка во која возач од еден автомобил со силна брзина удри во мојот автомобил. Алкотестот на возачот кој удри во моето возило покажа кај него многу високо ниво на алкохол. Можеше да биде многу лошо за двајцата. Најважно е што и јас и човекот од другиот автомобил сме здрави и живи без повреди. Надлежните нека го решаваат случајот.

Јас само би порачала на Сител и провладините портали дека е несовесен обидот оваа сообраќајка да ја користат за манипулации, ниту пак можат со тоа да го одбранат неодбранливото,,- стои на ФБ профилот на претседателката на Конисија за социјална политика на СДСМ Мила Царовска.

Вчера, провладините медиуми објавија дека Царовска учествувала во сообраќајна несреќа, но се обидоа веста да ја спинуваат и да и дадат димензија како на сообраќајката на Диме Спасов.

Спасов пред десетина дена предизвика сообраќајна несреќа со службено возуило, во доцни вечерни часови, по што избега и од местото на инцидентот и од полицијата.