,,Полна ми е душава, одамна не сум била на настан со толку позитивна енергија ❤🏳‍🌈
Денеска покажавме дека сите оние кои со години беа невидливи, дискриминирани, малтретирани, можеме заеднички ги поддржиме. Насилство во нашата држава никогаш да не се повтори. Донесовме нов Закон за превенција и заштита од дискриминација, ја ратификувавме Истанбулската конвенција, поддржавме услуги за заштита и сето тоа за само две години. Веруваме во општество кое е еднакво и дава шанса за секој еден“-напиша министерката за труд Мила Царовска по завршување на првата Парада на гордоста во Макеонија.