Цветанов: Почина четвртиот обвинет во ,,Змиско око“, правда уште нема

,,Чекајќи ја ветената правда, почина уште еден наш соборец.
Звонко Бојаровски од Тетово, притворан, суден и психички малтертиран во случајот ,,Змиско око”, -објави Ване Цветанов, поранешен директор на Агенција за перење пари и самиот обвинет во случаот ,,Шпион“.

Цветанов додава:


,,Случајот Змиско око е базиран на вештачење од вештак во 2007-ма година, а вештакот добил лиценца во 2010-та година.
Што значи НЕЗАКОНСКО и непрофесионално вештачење.
Врз база на вештачењата на квазивештакот беа апсени граѓани од случаите ,,Змиско око“ , ,, Калдрма“ и други случаи.
Случајот Змиско око сѐ уште се влече по судови, веќе 12 години, а Звонко е четврта жртва од овој случај која што почина ЧЕКАЈКИ ЈА ВЕТЕНАТА ПРАВДА“-вели Цветанов.

,,Огромен број на граѓани кои се жртви на режимот, маршираа за ПРАВДА.
Друго не бараа.
За жал, се почесто се случуваат смртни случаи.
Боли, боли да гледаме како творците на режимот, силувачите на правдата, како и слугите на режимот добиваат ,,Ослободителни пресуди”, а ВЕТЕНАТА ПРАВДА за жртвите на режимот е блокирана и се чува по фиоки…
Боли, многу боли, а тоа влијае на здравје.

Почивај во мир пријателе“-напиша во својот ИН МЕМОРАМ Ване Цветанов.

Случајот ,,Змиско око“ 12 години нема завршница, а се однесува на обвинение за организиран криминал на патарините.

Фото: Звонко Бојаровски, еден од обвинетите во ,,Змиско око“