Скопје и цела Македонија се загушуваат во смрдеата од расфрланото ѓубриште буквално насекаде и дивите депонии кои ги има на секој чекор.
Овие шокантни фотографии се направени на влезот од Скопје, веднаш по новиот надвозник што ги поврзува Хиподром и Ченто, а ѓубрето се наоѓа зад панелите од десната страна на влезот кон Скопје, кои практично ја кријат оваа очајна состојба од очите на јавноста и патниците.
Погледнете го овој ужас:
Жители од Хиподром алармираат дека секојдневно се загушуваат во чадот од запаленото ѓубре, а кога ќе почне грејната сезона состојбата е очајна.
Ова што ѝ се случува на Македонија на планот на хигиената е катастрофа од несогледливи размери. Владејачаката гарнитура на централно и локално ниво мора итно да почне трајно да го решава проблемот додека не е доцна. Веднаш!
АКО.мк