Цела поранешна Југославија на ЕП 2020 во Австрија, Норвешка и Шведска !

Босна и Херцеговина за прв пат избори учество на Европско ракометно првенство , селекцијата на БИХ ја совлада Чешка во Острава со 24-23  и се пласира  на континеталниот собир следната година.

Покрај БИХ и останатите  републики од екс Југославија обезбедија настап на ЕП 2020 година, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора се на собирот на најдобрите селекции на „стариот континент“.