Целосната Декларација од Самитот на ЕУ-Западен Балкан одржан во Софија

Во продолжение ви го пренесуваме целосниот текст од Декларацијата од Самитот на ЕУ и Западен Балкан што се одржа во Софија:

Ние, лидерите на Европската Унија (ЕУ) и на нејзините земји-членки, во консултација сонашите партнери од Западен Балкан и во присуство на релевантните регионални
заинтересирани субјекти, денес го заклучивме следново:

1. ЕУ ја поздравува заедничката посветеност на партнерите од Западен Балкан на
европските вредности и принципи и на визијата за силна, стабилна и обединета
Европа, поткрепена со нашите историски, културни и географски врски и нашите
политички, безбедносни и економски интереси.
2. Потсетувајќи на Самитот во Солун во 2003 година, ЕУ ја реафирмира својата
недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан.
Надоврзувајќи се на напредокот што досега е постигнат, партнерите од Западен Балкан повторно ја искажаа својата посветеност на европската перспектива како свој цврст стратегиски избор, на засилувањето на своите напори и на меѓусебната поддршка. Кредибилитетот на овие напори зависи од јасната јавна комуникација.
3. ЕУ е определена за зајакнување и за интензивирање на својата ангажираност на сите нивоа за поддршка на политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, вклучително и преку засилена помош врз основа на реален напредок во
владеењето на правото, како и во социоекономските реформи на партнерите од Западен Балкан.
4. ЕУ ја поздравува посветеноста на партнерите од Западен Балкан да им дадат приоритет на демократијата и на владеењето на правото, особено на борбата против
корупцијата и организираниот криминал, доброто управување, како и на
почитувањето на човековите права и правата на лицата што им припаѓаат на
малцинствата. Нивното ефективно спроведување на реформите се заснова врз овие
темели. Граѓанското општество и независните медиуми имаат клучна улога во процесот на демократизацијата.

5. ЕУ ги поддржува заложбите на партнерите од Западен Балкан да продолжат да ги
зајакнуваат добрососедските односи, регионалната стабилност и меѓусебната
соработка. Ова особено вклучува наоѓање и спроведување дефинитивни, инклузивни и обврзнички решенија за нивните билатерални спорови вкоренети во легатот од
минатото и посветување дополнителни напори за помирување.
6. Изградбата на густа мрежа на врски и на можности во рамките на регионот и со ЕУ е од витално значење за приближувањето на нашите граѓани и економии, како и за засилена политичка стабилност, економски просперитет, културен и социјален развој.
Надоврзувајќи се на постигнатиот напредок, вклучително и преку регионални
иницијативи, ние се обврзуваме дека суштински ќе ја подобруваме поврзаноста во
сите нејзини димензии: во транспортот, енергетиката, во дигиталнaта, економскaта и во човековата сфера.
7. ЕУ се согласува да промовира пазарна и инвестициски ориентирана средина на Западен Балкан за тој да може побрзо да се придвижи кон создавањето дигитална економија и кон одржливи општества што се насочени кон зачувувањето на климатските обрасци во согласност со Париската спогодба. Енергетската сигурност ќе биде приоритет, вклучително и преку подобрена енергетска ефикасност, подобри
прекугранични меѓусебни врски, диверзификација на изворите и на патиштата, како и
подобро балансирана интеграциска обновлива енергија од комбинација од енергенти.
8. Посебен акцент ќе биде ставен на креирањето натамошни можности за младите,
истовремено обезбедувајќи тоа да придонесе за социоекономскиот развој на Западен
Балкан.
9. За таа цел ЕУ ја поздравува посветеноста на партнерите од Западен Балкан, меѓу
другото, за забрзување на имплементацијата на acquis во согласност со договорите за
енергетска заедница и за транспортна заедница, за отстранување на сите
административни бариери на границите, комплетирање на регионалниот пазар на
енергетика и за итно спроведување на Повеќегодишниот акциски план за развој на
регионалната економска област од јули 2017 година. ЕУ ќе продолжи да ги поддржува
овие напори.
10. ЕУ и партнерите од Западен Балкан споделуваат многубројни безбедносни предизвици за кои е потребна координирана индивидуална и колективна активност. Кога работиме заедно, ние сме во можност ефикасно да се зафатиме со решавањето на овие предизвици. Нашата соработка во прекинувањето на тековите на илегалната
миграција ја покажа својата вредност и ние и натаму ќе ја развиваме.

11. За спротивставување на тероризмот и на екстремизмот, вклучително и на
финансирањето, радикализирањето и на враќањето на странските терористички
борци потребна е наша засилена соработка.
12. ЕУ и партнерите од Западен Балкан потврдуваат дека резултатите во борбата против корупцијата и организираниот криминал се суштински за политичката и за
социоекономската трансформација, како и за регионалната стабилност и безбедност,
што е во најдобар интерес на нивните граѓани. ЕУ ја поздравува нивната посветеност за преземање решителна активност, во соработка со ЕУ и во меѓусебна соработка, противтрговијата со луѓе, одгледувањето дрога и шверцувањето на луѓе, дрога и на
оружје.
13. ЕУ го поздравува придонесот на партнерите од Западен Балкан кон нејзината
Заедничка надворешна и безбедносна политика (CFSP) во сите нејзини аспекти и
очекува прогресивно продлабочување на соработката во оваа област, а особено
засилено ниво на усогласување, особено за прашањата каде што во игра се значајните
заеднички интереси.
14. Тие заедно ќе се борат против дезинформирањето и другите хибридни активности
преку поголема соработка во резилиенцијата, компјутерската безбедност и во
стратегиските комуникации.
15. За забрзување на унапредувањето на животот на нашите граѓани во областа на
поврзаноста и безбедноста, имајќи ја предвид европската перспектива на Западен
Балкан, денес Европската Унија, користејќи ги релевантните аспекти на Соопштението
на Комисијата усвоено на 6 февруари 2018 година, ја иницира Агендата со
приоритети од Софија за ЕУ и за Западен Балкан, која претставува Анекс кон оваа
Декларација.
16. ЕУ ја поздравува намерата на Хрватска да биде домаќин на Самитот ЕУ – Западен
Балкан за време на нејзиното претседателствување во 2020 година.
17. Напоменуваме дека нашите партнери од Западен Балкан се усогласуваат со
горенаведените точки.