Во скијачкиот центар Попова Шапка, монтиран е новиот шестосед
Leitner-Poma (six-passenger bubble chair), направени се и контролните систем станици и гаражниот дел, но и пробните контролни возења на жичницата.

Почетна станица е на висина од 1710 метри , а крајната станица на висина од 1988 метри. Должина на целиот шестосед е околу 1350 метри.

Со овој модерен и безбеден ски-лифт, оваа година љубителите на скијањето ќе добијат уште една ски-патека, која ќе ги исполни желбите не само на скијачите , туку и на бордерите.

Неодамна беше завршен и последниот километар од целосно реконструираниот пат од Тетово до Попова Шапка во должина од 18 илјади и двесте метри.

Последни подготовки пред свеченото пуштање во употреба на реконструираната делница Тетово-Попова Шапка

Реконструкцијата започна на 23 јули, а целосно ќе заврши со обнова на паркинг просторот пред полициската станица и хотелот Попова Шапка, со што ќе се добијат и повеќе услови и паркинг места, кои, како што може да се види на лице место, се планира да се наплатуваат.

За целосна обнова на инфраструктурата во скијачкиот центар, останува да се реконструира обиколиот пат кој води низ викенд населбата и кој е во очајна состојба.

ако.мк