Целосно покриената Катица ги подгреа сомнежите дали навистина беше таа

Целосно покриена од глава до коленици, со качулка на главата низ која не можеше да се види ниту милиметар од лицето, значително ослабена.

Вака вчера изгледаше поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, која беше пренесена од истражниот затвор Скопје во домашен притвор.

Катица Јанева, скриншот видео А1он

Не е чудно што ваквото издание на Јанева ги подгреа сомнежите дали под црната наметка е воопшто таа, и зошто ова криење кога во повеќе наврати е регистрирана од медиумите со лисици на рацете и полициска придружба.

Со одлука на Апелација е укинат затворскиот притвор, а на Јанева и е определена мерка домашен притвор.

Со оглед на досегашното искуство со одлуките на правосудните органи и неколкуте бегства од домашен притвор, како и бегството на Никола Груевски, се чинат оправдани сомнежите дека истото може да се случи и со обвинетата поранешна обвинителка.

Обвинителката Вилма Русковска најави финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор.

Судскиот процес за ,,Рекет“, во кој првообвинет е Бојан Јовановски, а Катица Јанева е третообвинета, е закажан за 3 декември.

АКО.мк