Се појавија фотографии од местото на несреќата, во која загина популарниот српски печај на народна музика, Шабан Шаулиќ

Автомобилот е целосно уништен:

Шаулиќ не го возел сам автомобилот, туку друг возач.

Познатиот српски пејач на народни песни, Шабан Шаулиќ, загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија, јавија српските медиуми.

Според Блиц, Шаулиќ настрадал во северозападниот германски град Билфилд.

Телевизија Пинк пренесува дека сообраќајната несреќа се случила утрината околу 7 часот, а со него во автомобилот бил неговиот кум, Слободан Стојановиќ Боби, кој исто така е тешко повреден.

Шаулиќ е превезен во најблиската болница, лекарите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат, потврдено е официјално за дел од српските медиуми.