Вардар со победата над Веспрем од 27 спрема 24 , испиша уште една светла страница во историјата на клубот, но и на македонскиот ракомет.

Во сбепрегорна борба, ракометарите на македонскиот најтрофеен клуб, направија подвиг за почит и предизвикаа еуфорија во салата во Келн.

Одличниот Сѕоле Стоилов, Чупиќ и другите не застанаа ниту една секунда и целиот натпревар го држеа противникот зад себе со неколку голови разлика.

Победата на Вардар се слави во цела Македонија. Скопје ечи од веселите навивачи, пукаат петарди, свират со сирените.

Вардар ШАМПИОН!