Центарот на Скопје запуштен, валкан, руиниран и грд!(фото вест)

Во еден од најпосетените делови, строг центар, коцките ги нема, а дупката зјае вака со недели
Само за пешаци, забрането за возила, сите се прават дека не ги гледаат возилата паркирани во ГТЦ, на плоштад, на кеј, буквално во рестораните
Ѓубре насекаде околу Холидеј ин, контејнери, жардињери претворени во корпи за отпадоци…
Паркингот карши Холидеј Ин е посебна приказна, сопственикот зема пари за паркирање, ама не сака да чисти
Овој дел се користи и како такси постојка и појдовна станица за туристички автобуси, атмосфера како сред село
Во целото централно градско подрачје кога ќе тргнете од Холидеј Ин кон Веро нема ниту една корпа за отпадоци! И така е сѐ до Општина Аеродром