,, Центар“ ќе бира нов претседавач на Совет,Жерновски зачуден од постапката на Шиповиќ

Зачудувачки е чинот на претседателот на Советот на Општина Центар, г-дин Мирослав Шиповиќ, да си поднесе оставка на крајот на мандатот, изјави градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

„Тој во образложението вели дека поднесува оставка од лични причини, за  да изјави подоцна дека тоа е заради лошата соработка со мене како градоначалник.

Не е точно дека тој ме чекал да го примам пред канцеларија, но точно е дека соработката беше нарушена од  добро познати причини на јавноста. Имено, нарушувањето на соработката беше директна последица на донесувањето на ДУП-от за Водно од страна на советниците ВМРО-ДПМНЕ и добро познатата улога на претседателот Шиповиќ во исходот од гласањето. Да потсетам дека таквото негово однесување беше во спротивност со ставот на коалицијата, предводена од СДСМ.

На така изгласаниот ДУП, со кои се дозволи градење на десеткатниците на Водно, ставив вето и го оспорив на Уставен Суд. Но, оттогаш се поминати две и пол години и прашање е зошто го чекал крајот на мандатот за да поднесе оставка“-вели градоначалникот на Центар Андреј Жерновски за а1он.