Нема што не се случи за време на вчерашната посета на рускиот претседател Владимир Путин. Српскиот претседател, Александар Вучиќ, се потруди оваа посета да ги урне сите рекорди и стереотипи, па донесе преку 120.000 народ да го пречекаат Путин пред Светисавскиот храм. Улиците на Белград беа преполни со стотици автобуси од градовите во Србија. Луѓето ракоплескаа, пееја руски песни, ги бакнуваа сликите на Путин, плачеа од радост.. Тука беше и турбо фолк ѕвездата Цеца, која му пееше на насобраниот народ и на Путин, а успеа да ја покрене и целата жандармерија , која беше распоредена околу храмот.
Се разбира, ова предизвика и поинакви реакции од воодушевување, кај дел од српската јавност, а посебно кај српските соседи. Некои од нив, како Косово, ја примија политичката порака на Вучиќ, а се очекува реакција и од западните земји.