ЦИВИЛ:СДСМ 75 гласови ВМРО ДПМНЕ 21

 

Според набљудувачот на ЦИВИЛ во 19:57 биле избројани 75 гласа за СДСМ , ВМРО – 21, но не е наведено дали се пребројани сите ливчиња.

Цивил известува за текот на броењето , па според тоа во-

19:53

Од 50 изброени гласачки ливчиња, 38 се за СДСМ, а 10 за ВМРО-ДПМНЕ.

19:37

До овој момент, Избирачкиот одбор утврдуваше излезност и евиденција на гласачите. Сега ќе започне броењето на гласовите.

19:00

Прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце заврши. Иако тензичен, денот на прегласувањето протече релативно мирно и без инциденти. Излезноста на ова избирачко место беше 402 гласачи. Избројани се 312 неупотребени гласачки ливчиња. Набљудувач на ЦИВИЛ присуствува на броењето на гласовите.