Ципрас зборуваше за Егејците, Мирка Гинова, граѓанската војна и нѐ нарекуваше Славомакедонци

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во синоќешниот речиси двочасовен говор во грчкиот Парламент, посветеn на Догoворот од Преспа, за првпат ва политичкиот живот во соседна Грција ги спомна егејските Македонци, нивниот прогон , борбата на македонските комунисти, но и го употребуваше терминот-Славомакедонци. ,,Не сакам да ја критикувам КПГ врз основа на нејзината историја. Но ќе го споменам славомакедонскиот буквар што членовите на КПГ им го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци од ДАГ. Ќе ги спомнам и 70-те илјади бегалци од Граѓанската војна, на кои грчката држава им ја ускрати репатријацијата во 1983-та. Ќе ја споменам и Славомакедонката Мирка Гинова – комунист, која беше првата жртва на граѓанската војна во Грција. За ова ве оставам да си размислите самите со себе. Со тие грижи што ги носите на совест, Ве оставам сами да се соочите“, рече Ципрас.
Пратениците во грчкиот Парламент денеска во 14 и 30 ќе гласаат за ратификација на преспанскиот договор.