Ципрас: Нема алтернативни решенија за ЕУ и НАТО ако нашите соседи го одбијат Договорот од Преспа

,,Ако нашите соседи го одбијат Договорот низ процесите кои ги водат и се за почит, треба да знаат дека нема алтернативни решенија за нивен влез во НАТО и ЕУ и тоа морам ислкено да го кажам“.

Ова го изјавил грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на состанок во неговата партија и додал дека ако не допјде до промена на уставното име, Грција нема да дозволи влез во ниту еден меѓународен сојуз каде таа е членка, под името Република Македонија.

На овој начи Ципрас го отфрли предлогот на коалицискиот партнер и министер за одбрана Панос Каменос, кој при посетата на САД зборувал за план Б, за потпишување на меѓудржавни безбедносни договори , како алтернатива на Договорот од Преспа, доколу не биде прифатен.

Во денешниот говор пред Централниот комитет на владејачката Сириза Алексис Ципрас рекол дека Договорот од Преспа е единствена и незаменлива прилика за двете земји , но и за регинот во целина.