Ципрас: 140 земји кои ја признаа Република Македонија отсега ќе ја препознаваат како Република Северна Македонија(видео)

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во пресрет на ратификација на Договорот за името со Република Македонија, преку спот и прогласување на дипломатска победа, се обидува да ја убеди јавноста дека тој е добар и поволен за Грција.

Во прилог на спотот, на кој се употребени и необјавени делови од преговорите со премиерот Заев, Ципрас пишува:

,,Со Договорот во Преспа, кој предвидува  преименување на БЈРМакедонија во Република Северна Македонија, конечно се  става крај на иредентизмот со користење на досегашното уставно име.

140 земји, кои досега ги признале нашите соседи како Република Македонија, отсега ќе го користат  името “Република Северна Македонија”, како име кое ќе важи erga omnes – за сите, и надвор и внатре.

За првпат се предвидува дека нашите северни соседи немаат, но  и во иднина не можат да тврдат дека имаат било поврзаност со античката грчка култура на Македонија.

Договорот исто така предвидува декаво графата за државјанството на патните документи на нашите соседи ќе стои, не како досега- Македонско, туку: македонско / граѓанин на Северна Македонија.

Преспанскиот договор е одлична дипломатска победа, но и одлична историска можност. Грчката влада во целост ги бранеше сите свои црвени линии, сите црвени линии на нашата национална позиција, како што беше во последните 20 години“-се вели во пораката на премиерот Ципрас.

Ова е видеото кое се врти на сите телевизии и со кое се ,,омекнува“ грчката јавност: