Циркус меѓу демонстрантите пред Собрание(видео)

Девојка извикувајќи „Јас сум за НАТО“ се обиде да се обрати пред присутните, но беше спречена од демонстрантите. Демонстрантите ја отстранија девојката обвинувајќи дека е инфилтрирана од СДСМ и ја нарекоа провокаторка на Заев, објави Макфакс.

Дел од учесниците почнаа да ги навредуваат снимателите и новинарите кои сакаа да го снимат инцидентот и сакаа да им ги земат камерите.

Извикуваа „Марш провокатори“, „Марш душмани“, „Доле камери.“

За време на инцидентот полицијата не интервенираше.

Извор:https://makfax.com.mk/makedonija