Црвениот телефон на Хитлер продаден за 243 илјади долари

Најсмртоносното оружје на светот, како што го нарекуваат историчарите, црвениот телефон на Хитлер е продаден за 243.000 долари, соопшти аукциската куќа која посредуваше во продажбата.

Телефонот бил користен во последните две години од Втората светкса војна, а Хитлер преку него ги издавал сите команди на своите генерали низ светот. Не е соопштено името на купувачот на овој озлогласен телефон.

Телефонот марака ,,Сименс“, во оригинал бил црн, но бил пребоен во црвен и на него е изгравирано името на Адолф Хитлер, кукаст крст и орел-симболите на Третиот рајх.

 

Во соопштението од аукциската куќа стои дека црвениот телефон на Хитлер е највпечатлива реликвија која ја користел најзлобниот човек на светот.

Руските војници, откако капутилирале Германците, во знак на благодарност за соработката му го предале на британскиот офицер Сер Ралф Рајнер. Тој потоа го оставил во наследство на својот син, кој сега го продаде преку аукција.