Црквата подарок од Самсоненко неизградена, запуштена и претворена во депонија

Во скопската населба Аеродром , во близина на хотелот Русија, по смената на власта и посебно на локалната самоуправа, престана секаква активност и изградба на руската црква, подарок од рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко.

Ова место сега изгледа вака:

Напуштената неизградена црква



Практично со губењето на власта на ВМРО ДПМНЕ, и нивниот пулен, Сергеј Самсоненко, ги изгуби и државните привилегии и поддршка, па тој крена раце од натамошно финансирање на недовршените проекти, меѓу кои и црквата ,,Света Тројца“, чиј камен темелник беше ставен 2014 година.

Отогаш, се градеше до 2016 година, но интензитетот се намалуваше и од почетокот на минатата година, можеше да се слушне само лавежот на двете врзани и измачувани кучиња кои остануваа сами, гладни и жедни со денови, а сега ги нема и нив. Сѐ е напуштено, градежниот материјал полека го снемува, а плацот е претворен во депонија. Околината е прилично непристојно и неисчистено место, како впрочем и поголем дел од општината Аеродром.

Изведувач на градежните работи е струмичката фирма ,,Жикол“, која впрочем ги градеше речиси сите проекти поврзани со минатата власт и Сашо Мијалков.

На осветувањето на темелите присуствуваа од Никола Груевски до Сашо Мијалков.